Навивачите на ЦСКА се упатија кон Белград, а попат правеа инциденти во Будимпешта

376

Навивачите на рускиот клуб направиле инцидент, а притоа се уште не стигнале на конечната дестинација.

На вчерашната прес-конференција во пресрет на првиот натпревар од 1/16-финалето во Лигата на Европа помеѓу Црвена Звезда и ЦСКА Москва најавено е дека гостинскиот тим ќе има поддршка од околу 500 навивачи.

Дел од нив од Москва тргнале со авион, а други се одлучиле за алтернативни решенија и превозни средства, додека една група доцна синоќа завршила во притвор во Унгарија.

Руските медиуми пренесуваат дека група навивачи на ЦСКА направиле инцидент во воз на релација Дебрецин-Будимпешта и дека во главниот град на Унгарија биле задржани од страна на полициските сили.

Еден дел од навивачите успеале да побегнат од полицијата веднаш го продолжиле својот пат кон Белград, а оние кои биле приведени утринава се пуштени на слобода по интервенција на руската амбасада.