Мурињо ја открива реакцијата на Погба кога го добиле Сент Етјен во ЛЕ

3007
epa05671524 Manchester United manager Jose Mourinho (L) talks with his player Paul Pogba (R) during the English Premier League soccer match between Manchester United and Tottenham Hotspur held at Old Trafford, Manchester, Britain, 11 December 2016. EPA/PETER POWELL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 75 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications EPA/PETER

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска го добија својот противник во првата елиминациона фаза од Лига Европа, тие ќе играат против францускиот клуб Сент Етјен.

Тоа е тим во кој настапува постариот брат на Пол Погба, Флорентин. Тренерот на „црвените ѓаволи“, открива како Погба реагирал откако ја слушнал ждрепката.

Погба се смееше, убаво беше тоа. Патувањата се добри, но ние поради далечината на патот бевме несреќни во ова натпреварување. Добро е, сега одиме за Франција“.

Јунајтед можеби прво не го гледаше Лига Европа како сериозно натпреварување, но со оглед на тоа во каква ситуација се наоѓаат на табелата во Премиерлигата, можеби ќе форсираат за овде да стигнат до самиот финиш, па со евентуално финале и титула, да се пласираат директно во ЛШ идната сезона.