Мурињо се огласи и ги соопшти лошите вести за Ибрахимовиќ

1719

Искусниот голгетер, Златан Ибрахимовиќ повторно е надвор од терените и го нема во редовите на Манчестер Јунајтед веќе две седмици.

Ибрахимовиќ по тешката повреда побрзо од очекувањата се врати на терен, но се чини дека интернационалецо од Шведска и не бил баш подготвен и избрзал, па за тоа сега дополнително ќе паузира.

„Златан е повреден, односно не е задоволен од состојбата во која се наоѓа моментално. Се бори како лав, како што тој знае да каже. Се врати на терен, но чувствува дека се уште не е потоплно спремен. Разговараше со лекарите и одлучи дека некое време нема да игра. За две седмици повторно би требало да почне да тренира и се надевам дека што поскоро ќе може да игра“, изјави Мурињо.

Португалскиот стратег со ова ги разјасни шпекулациите кои кружеа дека Златан го нема бидејќ се подготвува да направи трансфер и си замине зимава од „Олд Трафрод“.