Мурињо се огласи за конфликтот со Конте, но и за ситуацијата со Алексис Санчез

1548

Лукавиот Жозе Мурињо почувствува дека е момент да се повлече од вербалната војна со Антонио Конте.

Двајцата менаџери во последните недели преку медиумите, воглавно на официјалните прес-конференции, вербално се препукуваа и навредуваа.

Мурињо го обвини Конте за местење натпревар, Италијанецот го нарече Португалецот „мал човек“, но очигледно е дека Мурињо става крај на приказната.

„Мислам дека личноста која ќе ја навреди другата личност секогаш може да очекува одговор или можете да очекувате презир и тишина. Првиот пат кога ме навредуваше имав одговор, а знам дека тоа го повреди и дека го погоди во неговата слаба точка. Навистина се чувствуваше повредено“, изјави Мурињо и додаде:

„Тогаш Конте повторно ме навреди, но сега се менувам и сакам да го завршам ова. Крај на приказната“.

Мурињо зборуваше и за интересот на Јунајтед околу Алексис Санчез, но не беше премногу отворен на таа тема.

„Алексис е феноменален играч, но е играч на Арсенал, повеќе од тоа не можам да кажам. Во фудбалскиот свет постојат играчи кои би се обиделе да ги доведете во јануари или јули, но за Алексис не сакам да кажам ниту збор“, остана мистериозен Мурињо.