Мурињо: Роналдо отсекогаш беше невозможна мисија

1583

Кристијано Роналдо нема да се врати во Манчестер Јунајтед ова лето, а менаџерот Жозе Мурињо изјави дека трансферот на  Португалецот е  “невозможна мисија”.

Минатиот месец, 32-годишниот напаѓач на Реал Мадрид изрази незадоволство и наговести сека сака да змине од Реал Мадрид, поради третманот на шпанските обвинители, кој го товареа за затајување  на данок од 14,7 милиони евра.

Веднаш стартуваа шпекулациите з анеговата иднина, а едно од главните прашања беше враќањето во Реал. Мурињо кој имаше добра соработка  со својот сонародник во Мадрид  вели дека повторното нивно обединување на Олд Трафорд никогаш не било тема за размислување.

Ние никогаш не размислувавме за тоа, бидејќи тој е премногу важен играч за неговиот клуб, со голема економска моќ.  Јас и не сум човек кој би трошелвреме на играчи кои се невозможна мисија ” – изјави Мурињо

Менаџерот на црвените ѓаволи одамна ја има составен и предадено на извршниот потпретседател на Јунатед,  Ед Вудворд листата за летни засилувања кои ги посакува, со надеж дека ќе направи врвен и квалитетен тим.