Мурињо откри детали од повредата на Пол Погба и колку тој ќе отсуствува

5807

Главна тема и дилема вечерва кај фановите на Манчестер Јунајтед, беше потенцијалната повреда на Погба, кој беше заменет во 19 минута против Базел на Олд Трафорд.

Погба е играчот на кој Јунајтед ќе ја темели играта во иднина, и важно им е тој да биде фит за сите натпревари.

Јунајтед го доби Базел со 3:0, а веднаш по мечот, на пресконференцијата, Мурињо откри колку би можел да отсуствува Погба од составот на Јунајтед.

„Пол се повреди, не знам што поточно, не разговарам со него откако беше заменет, но мислам дека ќе паузира две недели. Нема да плачеме, иако ќе го немаме Пол за мечот против Евертон, но тука е Андер Ерера, Фелаини, Керик и Матиќ“, истакна Жозе Мурињо.

По сезоната пауза, Јунајтед вечерва и официјално се врати во нивното толку посакувано учество во ЛШ, и таму стартуваа со уверлива победа против стариот должник, Базел.