Мурињо незадоволен по опуштеноста во соблекувалната

1417

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не е задоволен и покрај убедливата победа над Сент Етјен во првиот меч од 1/16 финалето од Лига Европа.

„Црвените ѓаволи“ ги совладаа гостите од Франција со 3:0 на „Олд Трафорд“, но Португалецот е незадоволен со играта од првото полувреме, пред се од однесувањето на играчите пред мечот.

Јунајтед го сруши Сент Етјен со погодоците на Ибрахимовиќ во последните 20 минути, а Швеѓанецот оствари хет-трик на „Олд Трафорд“.

„Не сум среќен. Веднаш почувствував во соблекувалната која е гласна, а тоа на загревањето го приметија и моите соработници. Некои момци не беа концентрирани. Првиот потег беше повратниот пас на Баи до напаѓачот“, истакна Мурињо.

Опуштена атмосфера во соблекувалната на Јунајтед, каде во центарот на вниманието е Пол Погба и млада група на играчи, кои веќе беа на мета на критика.Така, по ремито со Челси, легендарниот стопер и капитен, Рио Фердинанд ги критикуваше Погба и Џеси Лингард кои а друштвените мрежо закачија видео за тоа како играат по овој меч.

„Јас сум потполно за забава на социјалните мрежи, но кога сте шести во лигата, не играте во ЛШ, туку се бориш за истата, додека не победиш не можеш да се работиш за такви работи“, истакна Фердинанд.

Во центарот на вниманието синоќа повторно беше Погба, но не едниот туку обајцата, со оглед на тоа дека Флорентис настапува за екипата на Сент Етјен, а на трибината се најдоа и нивната мајка, како и нивниот брат.

„Недостасуваше концентрација, кога таа ја нема, тешко е да се игра добро. Беше незгодно, дури и во комуникацијата. Во првото полувреме игравме многу лошо. Кога мораме да победиме, да го направиме тоа“, заклучи Мурињо.