Мурињо испрати скаут да скенира во Италија – Јунајтед сериозно „загриза“ за фудбалерот на Лацио

1559

Повредата на Пол Погба и периодот во кој што Французинот не можеше да му се стави на располагање на стратегот Жозе Мурињо откри дека клубот има проблеми во средината од тереот.

За таа цел „црвените – ѓаволи“, секако по барање на Португалецот испратија скаут да ги следи настапите на младата ѕвезда на Лацио, Србинот Сергеј Милинковиќ – Савиќ.

Овој фудбалер своите квалитети ги потврди и на последниот меч од Серија А кога беше иницијатор за пресвртот на гостувањето кај Сампдорија од 1-0, до 1-2. Самиот Савиќ погоди за 1-1 во 79. минута.