Мурињо има „ѓаволски“ план за да го врати Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед

6010

„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат да се засилат со тандемот на Реал Мадрид.

Жозе Мурињо има пеколен план – да му го понуди на Реал Мадрид Давид Де Геа и да доплати околу 200 милиони евра за Кристијано Роналдо и Алваро Мората.

Оваа информација ја пренесоа голем број англиски и шпански медиуми кои веруваат дека Манчестер Јунајтед би можел да биде прва опција за Португалецот кој наводно е одлучен во намерата да го напушти Мадрид.

Мурињо и Роналдо имаат ист агент, Жорж Мендеш би можел повторно да ги поврзе, исто како и во Реал кога заедно соработуваа од 2010 до 2013. година.

Јунајтед не сака да се откаже ниту од Мората, но Реал за него бара 90 милиони евра, меѓутоа, Мурињо е подготвен да оди и преку тоа.

Верува дека 200 милиони евра дополнети со најголемата желба на Флорентино Перез – Де Геа – би можел да го направи најсилниот напаѓачки тандем во Премиер лигата.