Мурињо го направи списокот, прв за идната сезона е фудбалерот на Валенсија

2207

Жозе Мурињо не сака да остави ништо на случајот кога станува збор за засилувањата за идната сезона.

Списокот е доставен до управата веќе сега и наскоро ќе почне да се работи на ангажирање на фудбалерите. Прв на листата е 20-годишниот играч на Валенсија, Карлос Солер кој беше интересен за Јунајтед уште минатото лето.

Мурињо смета дека Солер одлично би се вклопил со Погба и Матиќ, досега во Ла Лига има еден гол и четири асистенции и еден од најдобрите фудбалери на Валенсија. Неговата откупна клаузула изнесува 75 милиони фунти, но во Јунајтед на почетокот ќе понудат само 30.