Мурињо го брани својот „автобус“: Можеби освоивме бод вреден Лига на шампиони

2627

Манчестер Сити не успеа да го мрдне автобусот на Жозе Мурињо кој Португалецот синоќа го паркираше на „Етихад“. „Специјалниот“ воопшто не е загрижен што со својата тактика го „уби“ фудбалот и задоволен си замина дома.

Секако, прво во свој стил го прокоментира црвениот картон на Фелаини.

„Не го видов тој детал, но претпоставувам дека беше црвен картон. Но, не треба ниту да се заборави дека Агуери е искусен Аргентинец“, изјави Жозе Мурињо.

За дефанзивната игра на својот тим вели дека била условена од кадровските проблеми кои го мачат.

„Тимот е во проблеми. Имаме многу потешкотии во овој момент, а кога со такви проблеми ќе одиграте ваков натпревар и ќе покажете одлучност во дербито, морате да бидете задоволен на крајот“.

За борбата за Лигата на шампионите и бодот кој синоќа го освои „Специјалниот“ вели:

„Мислам дека некои луѓе ја забораваат разликата во однос на Ливерпул која сега е два бода. Затоа овој бод вечерва може да биде многу важен за нас на крајот од сезоната“, порача Жозе.