Мугуруза: Растев гледајки ја Венус, а сега ја победив во големото финале!

975

Шпанската тенисерка Гарбина Мугуруза, триумфираше денеска во големото женско финале на Вимблдон, против американската тенисерка Венус Вилијамс.

Мугуруза беше импресионирана од денешниот триумф, и констатираше дека Венус за неа лично била голема инспирација во кариерата.

Беше тешко навистина, знаев дека ќе го имам најтешкиот меч во кариерата. Јас пораснав гледајки ја Венус како игра, таа ми беше најголема инспирација. Многу бев нервозна, иако тоа можеби не се гледаше. Секогаш сонував да го направам ова и среќна сум поради ова. Среќна сум што ја искористив својата шанса“, истакна Мугуруза.

Ова беше втор освоен Грен слем трофеј за шпанската тенисерка во кариерата, по освојувањето на Ролан Гарос минатата сезона. Таа вкупно има освоено четири ВТА трофеи во кариерата.