Мората не успеа да побегне во Манчестер – тој сега има нова понудена рута за бегство

3946

Милан ова лето е вистинска сензација на трансфер пазарот, тие досега имаат потрошени вистинско богатство на нови играчи, но не планираат да застанат само на тоа.

Според најновите сознанија на медиумите, следна трансфер цел на „Росонерите“ е Алваро Мората, играчот на Реал Мадрид, кој можеше да премине и во Манчестер Јунајтед, но поради непопуштањето на неговиот клуб, тој остана во Мадрид.

Сега на Мората му е понудена нова рута на бегство, а тоа може да биде Милано, доколку Милан се договори со Реал за бараната сума за трансферот на овој напаѓач.

Спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели, за италијанските медиуми, меѓу редови потврдил дека работата на трансферот на Мората, со кој што мора да се признае, Милан ќе изгледа навистина пристојно за големи натпревари.