Можеби неинтересно, но годинешното НБА финале со рекордна гледаност

405

Годинешното финале во НБА лигата, можеби и не понуди голема возбуда, со оглед на тоа дека само на два натпревари донекаде беше неизвесно кој ќе се радува на крајот. Иако Голден Стејт, беше доминантен и во петтиот меч против Кливленд кој се покажа решавачки за титулата, овој дуел имал рекордна гледаност.

За разлика од минатогодишната борба за шампионскиот прстен каде повторно играа истите тимови и титулата се решаваше дури во седмиот натпревар, овој пат последната пресметка имала 25 милиони гледачи, што е најголем број кога во прашање е петтиот меч од финалната серија, по 1988 година или натпреварот кога Мајкл Џордан последен пат го освои шампионскиот прстен.

Само за споредба колкава била заинтересиранста за името на годинешниот НБА  првак говори и податокот, дека последниот дуел меѓу Кавалирс и Вориорс бил четири пати погледан од финалето на Стенли купот.

Годинава беа упатени и многу критики на сметка на конкурентноста во финалето, кое за многумина не било интересно и не понудило неизвеснот, пред се поради доминацијата на Голден Стејт, иако бројките говорат за одлична гледаност.

Згора на тоа третта година во низа за титулата играат истите екипи, па донекаде очекувани се ваките коментари.

За догодина останува челниците на НБА лигата да се надеваат на успех не некои други тимови кои би понудле далеку поголема возбуда уште на стартот од плеј-офот.

loading...