Можеби и поради тоа Аргентина се распадна: Агуеро на полувреме им приредил драматичен момент

1935

Аргентина и Нигерија одиграа пријателска средба во Краснодар денеска, „Гаучосите“ по 36 минути имаа водство од 2:0, но во вториот дел следуваше шокантен пресврт на Нигерија, кои на крајот славеа со 4:2.

Во прашање веројатно беше голем пад на концентрацијата кај Аргентина, но и ситуацијата на полувреме веројатно кумуваше на конечниот резултат.

Агуеро е заменет на полувреме, откако во 36. минута го постигна вториот го нза Аргентина, а во вториот дел „гаучосите“ потполно се распаднаа.

Медиумите пишуваат дека Агуеро имал драматичен пад, бил во несвест неколку минути, па по брза интервенција на лекарите кои биле присутни на стадионот, тој веднаш ја повратил својата свест, а веднаш бил испратен во најблискиот клинички центар.