Модриќ открива: Зидан беше во право, ја пронајде болната точка кај Јувентус

4399

Фудбалерот за врска од Реал Мадрид, Лука Модриќ, потенцираше во кој сегмент Зинедин Зидан и неговите асистенти го анализирале Јувентус, и токму таму ги пронашле нивните слабости.

„Кралевите“ во Кардиф на 3. јуни, ја освоија рекордната 12. титула во ЛШ, каде го победија надежниот Јувентус со 4:1.

Јуве одигра добро полувреме, но во последните 30 минути се загубија во играта на Реал Мадрид. Модриќ сега открива како всушност Зидан ги пронашол слабостите на „Старата дама“.

Зидан и неговите помошници одлучија детално да го проучат и анализираат Јувентус, поточно слабоста во одбраната. Во подготвителните натпревари најмногу ги вежбавме топките кои се враќаат назад, затоа што нивната одбрана одлично реагира на центаршутеви“.

Ниските топки им се проблем, и тоа се докажа. Тоа го правевме на ист начин, па затоа им дадовме три гола. Секоја чест за Зидан што го воочи нивниот проблем, и тој детал го одлучи финалето во Кардиф“, истакна Модриќ.

Јувентус силно веруваше во титула, но беше далеку послаб противник од Реал Мадрид, кој освои 3 титула во последните 4 сезони.