Младиот кошаркар на Црвена Звезда има од кој да учи: Со огромна почит ги прифаќаме советите на Перо Антиќ!

759

Момчето за кое се почесто и се погласно се зборува во регионот е Дејан Давидовас, крилото на Црвена Звезда кое принудно игра како плејмејкер. Иако има 202 сантиметри, тој одлично се снаоѓа во улогата на организатор на играта, а огромна помош во тоа добива од нашиот Перо Антиќ.

Иако има само 22 години, Давидовац има привилегија да учи од прекалениот ас Перо Антиќ, кој по натпреварот против Реал ги издвои токму младите кошаркари како најголеми добитници од триумфот во Мадрид.

„Перо на сите нас ни дава најмногу совети, кои ги прифаќаме со огромна почит! Обожава да зборува, обожава да не советува, особено на тренинзите“, изјави Давидовац, кој во тие моменти доби прегратка од македонскиот горостас и му честиташе на својот соиграч за уште едната победа.

„Ете, видовте на дело каков е Антиќ! Тој има огромно искуство во Евролигата, играше и во НБА. Сите учиме од него. Тој е неверојатен“, заклучи Давидовац.