Младиот Алтин од Македонија е голем талент: Ја тресеше мрежата и на малите од Ливерпул (Видео)

4772

Алтин има само 10 години, но со талентот што го има веќе е познат во групата на млади локални фудбалери. Алтин Алији првите чекори во фудбалот ги има направено на 4години во ФК Скупи под водство на тренерите Бедри Салиу и Перица Величковски.

Алтин секојдневно се повеќе станува одличен фудбалер и ги има сите вредности за да стане класичен фудбалер, тој тоа го докажува и оваа година, но тоа го докажа и предходната година. Алтин за сезоната 2015/16 со 41 постигнат гол беше прогласен за најдобар стрелец и фудбалер во Македонија од страна на ФФМ, истата година во двата турнири организирани од страна на општината на град Скопје беше прогласен за најдобар фудбалер и се стекна со епитетот за најдобар стрелец.

Алтин освен што се покажа како најдобар во Македонија истото го дoкажа и во меѓународната арена каде што со ФК Скупи е прогласен за шампион во склоп на најпознатиот турнир “Norway Cup” и како дел од екипата RSOCCER академија од Австрија успеа да постигне гол против најпознатата англиска екипа Ливерпул. Сите овие негови успеси постигнати ни даваат надеж дека еден ден името на Алтин Алији ќе го видиме во меѓународната арена во најголемите тимови во Европа.