Младинците од карате клубот „Чоле“ освоија 4 медали на државното првенство во Охрид

1134

Дека Македонија има квалитет во помладите категории каратисти, најдобро сведочат и резултатите на најмладите во овој спорт.

Каратистите од КК Чоле, викендов учествуваа на државното првенство во карате кое е одредено за деца од 10 до 13 години, и направија прилично добар резултат.

Еден златен медал, едно сребро и два бронзени медали.

Каратистката Мартина Митреска освои 1 место (30 кг)
Симон Петрески освои 3 место (40 кг)
Горан Вранишкоски освои 3. место (50 кг)
Мартина Петреска освои 2 место – кати.

Фотографиите се превземени од ohrigani.com