Мијовиќ го предводеше Кожув до победа против Куманово

549

Кожув во Гевгелија против Куманово оствари рутинска победа (80:69) во рамките н а деветтото коло од домашното кошаркарско првенство.

Целиот натпревар беше под контрола на домашната екипа, па на крајот лагодно дојдоа до победа. Победата се наѕираше уште по првиот дел кога имаа водство од +10, а гостите немаа сили за да се обидат да заминат со позитивен резултат од Гевгелија.

Мијовиќ беше најдобриот поединец кај домаќините, тој постигна 23 поени, додека кај гостите, Браун беше најдобар со 22 поени.