Михаел Шумахер не се предава, продолжува да се бори

920

Безмалку четири години поминаа откако Михаел Шумахер доживеа несреќа за време на зимски одмор во Франција, а за него нема никакви конкретни информации.

Седумкратниот светски првак имаше сериозни повреди на главата, а семејството го води целото лекување во голема тајност, во приватна болница во Швајцарија. Неодамна Михаел беше примен во Куќата на славните, но на церемонијата присуствуваа неговата менаџерска Сабине Кем.

“Михаел ни недостасува, но не се предава и продолжува да се бори. Би сакал син му Мик да е тука, но тој има тестови во Шпанија, а Корина е во САД. Михаел е специјален човек за мотоспортот. За мене, тој е пријател и специјална личност”, изјави претседателот на ФИА, Жан Тод кој му беше шеф во Ферари.