Миркуловски: Против Словенија по бодови, желни сме да направиме нешто повеќе

372

СпортКлуб.мк, директно од Загреб

Селекцијата на Македонија денес од 19:30 часот го игра првиот дуел од Европското првенство, а противникот е Словенија. Еден од поискусните во нашата селекција, Филип Миркуловски пред вечерашната пресметка вели:

„Подготвени сме за првиот натпревар. Сите сме здрави и тоа е најважното во пресрет на овој натпревар. Словенија е нашиот прв противник, тие се во улога на фаворити, бронзени се од последното Светко првенство и тоа ги прави условно поквалитетен тим од нас. Но, тие се послаби отколку на првенството во Франција со оглед на тоа дека им се повредени неколку играчи и нема да бидат во истиот состав.
Но, тоа не значи дека ќе биде полесен натпреварот. Прв меч, натпревар што може многу значи за двете репрезентации. За нас конкрентно, овој меч е шанса да освоиме бодови што понатаму ќе играат голема улога. Желни сме да направиме повеќе од досега и за таа цел утре мораме да победиме“, изјави Миркуловски.