Миркуловски и Вецлар потклекнаа во вториот дел против Флензбург

158

Ракометниот клуб Вецлар, во кој настапува и нашиот Филип Миркуловски, денеска загубија во првенствениот меч од ракометната Бундеслига, од екипата на Фленсбург.

Иако домаќините на полувреме ја имаа контролата на натпреварот, сепак во продолжение целосно се загубија во просторот.

На полувреме Вецлар водеше со 11:9, а до крајот на мечот, Фленсбург победи со 24:19, поразот им резултираше поради лошата ефикасност во вториот дел.

Миркуловски постигна два гола на оваа средба, а запиша и една асистенција.