Милевски: Цели 60 минути бевме во егал со Шпанија, горд сум на моите играчи

1421

Резултатот од првото коло во групната фаза од ЕП во Полска, за Македонија е разочарувачки, но агресивноста во играта која ја покажаа младите играчи, ветува дека може да биде подобро.

Шпанија рутински и очекувано дојде до бодовите, но интересно е тоа што Македонија и при ваква негатива, не се откажа и ги притискаше моќните Шпанци.

Не сум сигурен дека можам да прифатам честитки по еден ваков резултат. Имаше моменти каде бевме во егал со Шпанија во играта, имавме организирани напади, корнери, удари кон противнички гол, игравме скоро на исто ниво“.

Ветив уште откако ја преземав фукцијата во репрезентацијата дека ќе одиме на победа против било кој тим, и горд сум на моите играчи кои скоро 60 минути ја држеа играта на Шпанија цели 60 минути“.

Понатаму нема да биде лесно, сега играме против Србија, но сакам да повторам, дека со Шпанија бевме егал цели 60 минути. Јас сум оптимист, и се надевам дека ќе играме далеку подобро против Србија“, истакна Боби Милевски.