МЗТ Скопје имаше шанса, но Цибона беше поуспешна во финишот

770

МЗТ Скопје забележа нов пораз во јадранското натпреварување,  вкупно 13ти. Аеродромци вечерва беа совладани на гостувањето во Хрватска кај Цибона (87:79).

Продолжува негативниот терк на МЗТ Скопје без гостинска победа во ова натпреварување, што сигурно создава еден негативен ефект и чувство кај играчите и стручниот штаб.

Ѓорѓе Дреновац постигна 27 поени на овој натпревар, но тоа ни одблиску не беше доволно за да се оствари триумф. Во редовите на победниците најдобар беше Шакиќ кој постигна 26 поени.

МЗТ Скопје на полувреме имаше минимална негатива (43:41), но во второто полувреме Цибона си ја заврши работата. Најголемата разлика ја направија пред крајот на третата четвртина. МЗТ Скопје имаше добар период во последната четвртина, па дури и изедначија, но Цибона беше подобра во самиот финиш. Конечниот резултат на овој натпревар е Цибона – МЗТ Скопје 87:79.

Во петок МЗТ Скопје на домашен терен го пречекува составот на Задар.