МЗТ Скопје води во плеј-оф серијата против Карпош Соколи

406

МЗТ Скопје вечерва оствари триумф против Карпош Соколи во финалната серија (86:80), и обезбеди водство од 2:1 по првите три меча.

Аеродромци сега се наоѓаат на една победа од одбрана на титулата, но сигурно дека денешниот меч не им беше лесен, Карпош Соколи даде достоен отпор.

МЗТ Скопје одигра добро прво полувреме, на пауза заминаа со предност од +10 (44:34). Во финишот од третиот дел, Карпош Соколи успеа да им се приближи и да ја стопи предноста на МЗТ, по што имаше најава дека може да се влезе во неизвесен финиш на средбата.

Но во последните 10 минути МЗТ повторно влезе по решително и со една добра серија повторно се одлепи на двоцифрена предност, која успејаа да ја изменаџираат и сочуваат до крај, за конечна победа (86:80).

Темс беше најефикасен вечерва кај МЗТ Скопје со 22 поени, додека кај Карпош Соколи најдобар беше Пери со 24 поени.

loading...