Мејведер најави повлекување, МекГрегор незадоволен од една одлука на судијата

3198

Флојд Мејведер по две години се врати во боксот, но најави дека ова за него е последната борба синоќа, иако победи, не размислува повторно за враќање на терен.

Тој во Лас Вегас ноќеска боксуваше против Конор МекГрегор и го победи во 10 рунда со технички нокаут, па судијата го прекина мечот, за да не дојде до поголеми последици.

Дами и господо, ова беше мојата последна борба во кариерата, дефинитивно последна“, изјави Мејведер по мечот. Тој во кариерата има забележано 50 победи.

За својот противник имаше само пофалби.

„МекГрегор е многу подобар од тоа што мислев. Тој е жесток борец, но јас сум подобар и го докажав тоа на овој меч“, истакна Мејведер.

Од друга страна, МекГрегор, потенцираше дека сакал судијата да остави да се дозаврши борбата.

Беше густо, но судијата прерано ја прекина борбата. Уморен бев и затоа делував како потресено. Доколку судијата дозволеше борба понатаму, јас ќе се повлечев како во ќоше и ќе се опоравев брзо. Повеќе посакував судијата да му дозволеше на Флојд да ме испрати на подот, а вака….“, истакна Ирецот по поразот.