Металург порачува: Заедно да ја добиеме битката на Борче!

203

Уште еден македонски спортски клуб ја покажува својата хуманост на дело. По одлуката „вечното дерби“ помеѓу МЗТ Скопје и Работнички да има хуманитарен карактер, сега и Металург од истата причина се огласи преку својот официјален сајт, преку кој порачаа дека ќе играат за младиот Борче.

Борче Јовановски е 16-годишно момче, кое боледува од ретка генетска болест, Бета Таласемија, и кое мора да оди на лекување во странство. РК Металург, заедно со управата, со стручниот штаб и со ракометарите, даде безрезервна поддршка во собирањето на потребните средства.

РК Металург реши натпреварот помеѓу РК Металург и РК Динамо Панчево, кој ќе се оддржи на 12.12.2017 во 16.15 часот, да биде со хуманитарен карактер. Сите средства, собрани од продажбата на влезниците, ќе одат за оваа хумана цел.

Сите за Борче!