Металург не издржа, Монпелје до победа во финишот

214

Македонскиот вицешампион Металкург забележа нов пораз во Лигата на шампионите откако вечерва загуби од Монпелје со 21:27 на домашен терен.

Нашиот претставник во елитното натпреварување долго се држеше, до 48 минута имаше само еден гол негатива (21:22), но во следните 12 минути не постигна ниеден гол. Блесна противничкиот голман Венсан Жерар кој одбрани се што можеше да се одбрани, а серијата од 5:0 го однесе францускиот тим до убедлива победа.

Во вториот дел потфрли Халил Јагањац кој во првото полувреме постигна пет гола и на тоа остана до крајот. Толку постигнаа и Анѓелиќ и Пешевски. Во противничкиот тим, Кусе и Порт постигнаа по шест гола.

Металург и натаму е на пет бода и на четвртото место на табелата во својата група.