Металург декласиран во дербито – РК Вардар чекор поблиску до одбрана на титулата

682

Вардар вечерва беше убедлив во градското дерби против Металург, „црвено-црните“ го декласираа Металург со 38:25, и направија значаен чекор кон шампионската титула.

Вардар е изедначен на табелата со Металург, но имаат подобра гол разлика, а до крајот на плеј-офот остануваат уште 4 кола.

Вардарци се пред освојување на 11 титула во домашното првенство што би била трета титула по ред за „црвено-црните”. На првиот меч во Автокоманда, Металург победи со 29-26.

На оваа средба тренерот Раул Гонзалез реши да не играат шестмина ракометари: Ангелов, Абутовиќ, Дервен, Рожерио, Чупиќ и Војводиќ. Отсуството на овие играчи и не се почувствува во играта.

Најефикасен за Вардар вечерва најефикасен беше ДИбиров, кој постигна 8 голови.

ФОТО: РК Вардар.