Металург во група со Монпеље, но и со тешки гостувања во Украина и Русија

569

Металург трет пат по ред добија вајлд-карта од Европската ракометна федерација за настап во новата сезона од Лигата на шампионите.

Македонскиот вицешампион минатата сезона го поправи билансот од претходниот пат, а сезонава ќе се обиде да остави уште подобар впечаток и да направи чекор понапред, односно да се пласира во шестнаестинафиналето.

Украинскиот шампион Мотор е првиот противник на Металург. Францускиот Монпелје беше противник и лани, а „Металурзите“ против нив имаа половичен биланс. Турскиот првак Бешикташ, каде што игра македонскиот интернационалец Немања Прибак, исто така ќе гостува во Скопје.

Уште еден стар познаник е Чеховски Медведи кој повторно ќе биде противник на избраниците на Червар. Квалитетот нема да биде главниот проблем за Металург колку што тоа ќе биде патот до Русија. Последниот противник ќе биде победникот на квалификацискиот турнир, а главен фаворит е Спортинг Лисабон, каде игра поранешниот ракометар на Металург, Јанко Божовиќ.

Група Ц:Адемар Леон, Скјерн, Горење, Кадетен Шафхаузен, Динамо Букурешт, Елверум.

Група Д: Металург, Мотор Запорожје, Монпелје, Бешикташ, Чеховски Медведи, победник од квалификациски турнир 1 (Алпла, Спортинг, Кокс, Татран).