Металург без Червар и Кузмaновски прокоцка +8, па само реми со Мотор Запорожје

257

Екипата на Металург стигна до првиот бод во гости откако во рамки на 4. коло од групата Д одигра реми во Украина против Мотор Запорожје (28-28).

Избраниците на Јовиќ и тоа како за што треба да жалат бидејќи безмалку цел меч беа во водство, дури и со +8 во поголем дел од мечот, но на крајот влегоа во криза.

Можеше да бие и уште полошо, но во последните минути Томоски одбрани два пенали, а домаќините во последниот напад погодија пречка за победа. Сепак и овој бод е голем ако се земе предвид дека денес тимот од Автокоманда беше без тренерот Лино Червар и капитено Филип Кузмановски.

Јагањац и Гуглета со по 7 голови беа први имиња во тимот на Металург, додека кај домаќините Денисов даде 8 погодоци.