Меси по Барселона има уште една трансфер желба – сака во тој клуб можеби да ја заврши кариерата

594

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси, изрази желба дека сака кариерата да ја заврши во клуб од Аргентина, од каде и што почна неговата животна фудбалска приказна.

30 годишниот репрезентативец на Аргентина, кој има договор со Барселона до идното лето, се уште потврдено дали останува во Барселона или ќе ја менува средината, но според тамошни извори, новиот договор, барем на уште една или две сезони, е само прашање на време кога ќе се случи.

Но за да не ги остави фановите во целосна неизвесност, тој барем им најавува каде сака да ја заврши кариерата.

Би сакал да играм за Њувелс Олд Бојс, на стадионот каде што гледав многу натпревари. Не знам навистина што ќе се случува во иднина и незнам како ќе се чувствувам. Во моментов, живеам ден за ден, и сигурно дека не сум фокусиран на иднината“, открива Аргентинецот.

Меси кариерата ја започна токму во овој аргентински клуб, Newells Old Boys, за во 2001 година да се случи големиот чекор и трансфер, кој ќе му донесе неверојатно славје и најграндиозни успеси во кариерата.