Меси е „персона нон грата“ на Стемфорд Бриџ, причината – изјава од пред 11 години!

1593

Барселона и Челси ќе играат по шести пат меѓу себе во Лигата на шампионите во последните 13 години.

Ждрепката повторно ги спои во осминафиналето во која фаза се сретнаа и во 2005 и 2006 година. Двете екипи славеа по еднаш, но нивните дуели беа максимално драматични.

Тогаш почна подемот на Лионел Меси кој како тинејџер несакајќи влезе во огнот. Освен со својот квалитет, малку и сам ја запали ситуацијата со една својата изјава по оној фамозен меч на Стемфорд Бриџ кога изнуди црвен картон за Асиер дел Орно.

“Во нашата екипа постојат фудбалери кои го мразат Челси повеќе од Реал Мадрид”, изјави тогаш Меси.

Навивачите на лондонскиот клуб уште не му ја заборавиле таа изјава и сигурно го очекува пекол иако Меси сега е веќе зрел човек и сигурно нема да се истрчува повторно со такви зборови.