Меси дециден во пресрет на Мундијалот: Ќе се повлечам од репрезентацијата…

880

Најдобриот фудбалер на Барселона Лионел Меси изјави дека доколку репрезентацијата на Аргентина доживее неуспех на Светското првенство во Русија, сите играчи ќе треба да се повлечат од националниот тим.

Меси минатата година по поразот на пенали од Чиле во финалето на Копа Америка одлучи да се повлече од репрезентацијата поради бројните критки, но подоцна се предомисли откако цела аргентинска јавност се мобилизираше да го предомисли.

Доколку одиграме лошо на првенството, сите би требало да се повлечеме. Невозможно е да се остане ако такво нешто се случи“, изјави Меси.

Тој призна и дека седењето на клупа во Барселона во претходните два натпревари во Лигата на шампионите му паднало тешко, но и дека е свесен дека тоа е исправна одлука на тренерот Ернесто Валверде поради претходно обезбеденото осминафинале.

„Тешко го прифаќам фактот кога не играм или кога сум заменет, но сфатив и разбрав дека таквата одлука беше најдобра. Да се биде на клупата е ужасно, иако од страна делува поинаку“.

Меси и останатите „Гаучоси“ следното лето во Русија ќе се обидат да направат чекор понатаму во однос на минатиот Мундијал кога загубија од Германија во финалето по продолженијата (1:0), а први ривали во групата им се Хрватска, Исланд и Нигерија.