Мекиќ и МЗТ Скопје ја раскинаа соработката

225

Кошаркарот Адем Мекиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје, откако денеска потпишал договор за раскин на соработката со шескатниот шампион на Македонија.

Ова доаѓа на барање на кошаркарот, со желба да замине во средина каде што би имал поголема минутажа. Мекиќ настапи на четири средби во сино-белиот дрес во АБА-лигата сезонава, со просек од три поени за 17 минути кои ги минуваше на паркетот.

Нешто поголем му е уделот во средбите од домашниот шампионат, каде што просечно реализираше седум поени со 2,5 скока.

Клубот од Аеродром му посака се најдобро во понатамошниот дел од кариерата.