Ма, каква пензија: Омејер потпиша нов договор, ќе брани до 46 години

1026

Еден од најдобрите ракометни голмани во историјата Тиери Омејер го продолжи договорот со ПСЖ до 2022 година.

Тоа значи дека Раул Гонзалес ќе го има на располагање од идната сезона кога ќе го преземе парискиот клуб. Освен тоа, Омејер одлучи да брани до своите 46 години и ако издржи во својата намера, тоа ќе биде достигнување за почит.

„Од моето доѓање сум среќен во тимот на ПСЖ. Уживам секој ден и се чувствувам одлично на физички план. Нема причина да ставам крај на една ваква прекрасна приказна, а клубот ми дозволи да останам овде, практично, до крајот на кариерата”, изјави Омејер при продолжувањето на договорот.

Легендарниот голман има еден куп индивидуални, тимски и репрезентативни трофеи во својата кариера. Два пати беше олимписки, пет пати светски и три пати европски шампион со “триколорите”, а со ПСЖ освои по три трофеи во Купот и првенството на Франција.