Мајката на Дражен Петровиќ за поранешната девојка на својот син: Таа е монструм!

2976

Мајката на легендарниот хрватски кошаркар Дражен Петровиќ, Бисерка жестоко ја нападна поранешната девојка на својот загинат син Клара Шаланци.

Дражен Петровиќ загина во сообраќајна несреќа на 7 јуни 1993 година во Германија. Шаланци, тогашна кошаркарка, со својот автомобил го земала Дражен од Франкфурт, но на патот кон Хрватска удриле во камион при што кошаркарот загинал на лице место, а таа и нејзината пријателка Хилал Едебал со која патувале, ја преживеале несреќата.

Оттогаш поминаа 24 години, а Шаланца никогаш не зборувала за несреќата. Неколку години подоцна влегла во врска со познатиот германски фудбалер Оливер Бироф се омажила.

Бисерка Петровиќ неодамна беше во Истанбул каде се сретна со Хилал Едебал, но немаше убави зборови за Шаланци.

“Таа е монструм, по несреќата не беше дури ни во контакт со Хилал. Клара не ја посети дури ни кога беше в болница иако двете беа долгогодишни пријателки и играа заедно кошарка од мали нозе”, изјaви Бисерка.