Маркетинг или обична случајност: Федерер ќе го продава посебното топче…. (Видео)

997

Роџер Федерер на мечот со Александар Долгополов во 1. коло од Вимблдон, го погоди јубилејниот 10.000 ас во кариерата.

Организаторите разговараа со момчето кои ги собираше топчињата за време на мечот, и го препознал тоа топче со кое Федерер го направи својот 10.000 ас во кариерата, а за време на интервјуто со младото момче, се вклучи и Федерер.

Швајцарецот најави дека топчето ќе оди на аукција на интернет, и дека сите пари кои ќе бидат добиени од продажбата, ќе бидат предадени во хуманитарни цели.