Маркес победи во Арагон, Роси меѓу петмината најбрзи

212

Маре Маркес на Хонда победи на денешната трка од МОТО ГП шампионатот која се возеше за големата награда на Арагон.

Маркес до половина од трката имаше неколку инциденти и ризикуваше дури и да излета од патеката, но со агресивното возење на крајот успеа да победи. На второто место заврши Дани Педроса, а подиумот го комплетираше Хорхе Лоренцо. Маверик Вињалес кој започна од пол позицијата на крајот беше четврти, а петто време имаше повратникот Валентино Роси.

Италијанецот може да биде задоволен од денешниот пласман откако ја вози првата трка по повредата, бидејќи можеше за него сезоната да биде веќе завршена.

Маркес кој ја оствари во Арагон својата 34.победа во кралската класа и втора последователна на оваа патека на лидерската позиција во генералниот пласман има 224 бода, Андре Довициозо има 208, трет е Вињалес со 196 бодови.