Маркез ја продолжи доминацијата во Германија

715

Шпанскиот возач во Мото ГП Марк Маркез славеше на трката во германски Заксенринг.

Возачот на Хонда, имено, на деветтата трка во сезоната од Мото ГП шампионатот уште еднаш покажа дека патеката во Германија најдобро му одговара и на крајот низ целта мина како прв.

Маркез трката ја извозе со време од 40:59.525, што му беше доволно за триумф, а на подиумот уште се најдоа и возачот на Јамаха Тех 3 Џонас Фолгер кој заврши како второпласиран, додека третото место му припадна на Дани Педроза од Хонда.

За Шпанецот ова е осми пат во низа да слави на трката за Големата награда на Германија, со што уште еднаш докажа дека крал на Заксенринг.