Маркез ита кон нова титула: Денеска ја освои Австралија пред Роси и Вињалес

321

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез е победник на трката за ГН на Австралија, победа со која ја зголеми предноста во генералниот пласман на светското првенство во кралската класа на МОТО ГП.

Возачот на Хонда Репсол со оваа победа, на две трки пред крајот на сезоната, се наоѓа на чекор од освојување на уште една шампионска титула.

Маркез во Австралија победи пред двоецот од Јамаха, Валентино Роси и Маверик Вињалес. Неговиот единствен ривал во светското првенство сезонава, второпласираниот Андреа Довициози од Дукати, на патеката Филипт Исланд, го освои 13. место.

Трикратниот шампион во МОТО ГП класата ја оствари 6 победа сезонава, а титулата Маркез може да ја потврди веќе на следната, или претпоследна трка сезонава, во Малезија на 29 октомври.