Маркез во последните моменти го зададе ударот – жртва беше Петручи

482

До последниот круг водеше Данило Петручи, но потоа на сцена стапи неверојатниот Марк Маркез, кој во Мижано обезбеди нова победа.

По доста врнежливи услови, гледавме интересна трка, која на крајот како победник го виде Марк Маркез од Репсол Хонда, кој со оваа победа, се изедначува со водечкиот на генералниот поредок, Андреа Довициозо, кој на оваа трка беше третопласиран со 11 секунди задоцнување.

Петручи водствого го превзема во седмиот круг откако од патеката излета Хорхе Лоренцо, кој имаше солидно водство, но сепак условите и притисокот си го направија своето.

Во топ10 на оваа трка завршија уште и Маверик Вињалес, Мишел Пиро, Џек Милер, Скот Рединг, Алекс Ринс, Јонас Фолгер и Бредли Смит.