Марадона: Икарди требаше да биде претепан во соблекувалните во минатото

1589

Легендарниот Диего Марадона, за италијанските медиуми истакна дека не е изненаден од тоа што Икарди не добил место во репрезентацијата на Аргентина.

Икарди веќе неколку сезони е прв стрелец на Интер, но тој никако да ја добие довербата на селекторите на Аргентина. Иако многумина сметаат дека Икарди заслужува да биде дел од составот на „Гаучосите“, така не смета и Марадона.

Икарди по свои заслуги е изоставен од репрезентацијата. Јас попрво би го повикал 44 годишниот Даниел Базан Вера, отколку Икарди. Според мене, тој треба да биде седми избор на селекторот на Аргентина, што се однесува до напаѓачката опција во Аргентина“, смета Марадона.

Тоа поприлично е изјава која ќе влијае разочарувачки кај Икарди, а сигурно дека наскоро и тој ќе реагира за ова по пат на медиумите.

Марадона го прокоментира Икарди за неговото минато, кога ја презеде жената на неговиот пријател и соиграч.

И порано имам кажано, дека поранешните играчи на Сампдорија требаше да го претепаат во соблекувалната, затоа што тој му ја превзеде жената на најдобриот пријател. Се уште не ми е јасно зошто тој и дозволува на Ванда да се меша во фудбалски работи“, додава Марадона.