Марадона е тажен поради Италија – но им го посочи проблемот поради кој не се пласирале на СП

1208

Италија не успеа да се пласира на толку посакуваното СП во Русија идната година, а Шведска е репрезентацијата која ноќеска се радуваше на „Сан Сиро“.

Многумина фудбалски стручнаци го коментираа поразот на Италија во овие два меча, а дел од нив беше и големиот Диего Армандо Марадона, кој еден добар дел од кариерата го мина во Наполи, каде се стекна со голема слава.

Многу сум тажен поради тоа што Италија не се пласира на Мундијалот, тие беа репрезентација која носат посебна бојна на фудбалските првенства. Го гледав мечот, и сметам дека тие играа на начинот кој Шведска го посакуваше, одејки длабоко во средината. Тажно е тоа што една фудбалска селекција како Италија, која е запишана во историјата на фудбалот, нема да биде дел од СП во Русија идната година“, прокоментира тажниот Марадона.

Италија не успеа во 180 минути да постигне гол против селекција која веројатно ја потценија а тоа на крајот им се одби од глава.