Манасков како казнена експедиција со противникот: „Деветка“ против Балaтонфуреди

216

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, во дуелот против далеку послабиот тим Балотонфуреди, имаше значителна минутажа, која максимално ја искористи.

Левото крило на Веспрем имаше фантастична партија, постигнувајки 9 голови во победата на неговиот унгарски клуб со резултат 39:25.

Може да се каже дека овој меч беше полесен тренинг за екипата на Веспрем, пред еден поголем натпревар во ЛШ, против екипата на Пари Сен Жермен, европскиот вицешампион, кој беше поразен од Вардар во големото финале.