Мамиќ настрада – големиот „бос“ од Загреб, брутално фрлен во морето (Видео)

2069

Првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, денеска е брутално нападднат на Брач, откако со својата јахта допловил, каде засега непознато лице го нападна од зад грб и го турна во морето.

Од силниот удар, Мамиќ падна во морето, а напаѓачот успеа некако да побегне од местото на настанот.

Веднаш по извештајот на полицијата, Мамиќ даде своја изјава за овој инцидент.

Не барав лекарска помош, иако не бев баш во најдобра состојба. Изгубив свест и ме болеше глава, за среќа луѓето на време ме извлекоа од морето“, прокоментира збунетиот Мамиќ.

Да напоменеме дека ова е веќе втор или трет напад на Мамиќ, кој е омразена личност кај неколку фудбалски клубови во Хрватска, меѓу кои и кај навивачката група „Торцида“ од Сплит.