Малку фалеше за нова трагедија: Валентино Роси заврши в болница!

1960

Деветкратниот светски првак во мотоциклизам Валентино Роси е примен в болница по тешката несреќа што ја доживеал во текот на вчерашниот ден.

За време на еден мото-крос тренинг, Италијанецот паднал и доживеал тешки повреди на градите и стомакот. Веднаш бил одведен в болница, но, за среќа, докторите констатирале дека повредите не се опасни по неговиот живот. Можно е поради несреќата, тој да ја пропушти следната трка од Светскиот шампионат во Муџело.

Инаку, само пред неколку дена животот го загуби уште еден поранешен светски шампион во мотоциклизам – Ники Хејден.

loading...