Малиот глушец со големи очи е персона нон грата во Загреб

3449

Обвинителството во Осијек, Хрватска, денеска соопшти дека отвара истрага поради сведочењето на Лука Модриќ пред некој ден во спор против Здравко Мамиќ, во кој луѓето во Хрватска, препознаа заштитнички дух за човекот кој му помогна на сега еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

Како што пренесуваат вечерва медиумите во Хрватска, обвинителството е уверено дека Модриќ лажно сведочел во корист на големиот профитер Здравко Мамиќ, и тоа сакаат да го истераат до крај.

Навивачите во Хрватска исто така не сакаат да му веруваат на Модриќ за последното сведочење, бидејки тој веќе неколку пати го менуваше исказот, а со ова последното, само ги поткрепи критиките на фановите и медиумите.

Несомнено дека во минатото Мамиќ беше еден од луѓето кои влијаеа на кариерата на Модриќ, и веројатно поради тоа, сега фудбалерот на Реал Мадрид сака да му врати, со тоа што ќе застане на страната на криминалот, во кој хрватскиот фудбал тоне се подлабоко.

Имаше навивачи кои на социјалните мрежи побрзаа да напишат дека се згрозени од невидените лаги на Модриќ, „малиот глушец со големи очи“.