Маленко е минато: Ангеловски и Блажевски поставија нови државни рекорди

990

На Светското првенство во Канада, два пати паѓаше рекордот поставен од македонски пливач пред 20 години.

Марко Блажевски и Љупчо Ангеловски псотигнаа неверојатни времиња, на патеката од 50 метри слободен стил. Тој рекорд во минатото беше во сопственост на Александар Маленко, и тоа стоеше цели две децении, а денеска во само еден ден, тоа два пати паѓаше.

Ангеловски во квалификациите забележа време од 23,43 секунди, што во однос на оној на Маленко е подобар за 0,011 стотинки. Рекордот на Ангеловски траеше кратко, бидејки по него, настапи и Марко Блажевски, кој веројатно инспириран и мотивиран, успеа да исплива уште подобро време од 23.07 секунди, што сега претставува нов државен рекорд.

Ангеловски утре ќе плива во дисциплината „пеперутка“ на 50 метри, додека Блажевски ќе биде на 50 метри градно, па можеби ќе падне уште некој нов рекорд.

loading...